Авто школа посветена на квалитетна обука, сигурност и доверба. Со искусни инструктори и современ пристап, ви помагаме да станете самоуверени и одговорни возачи

Твојата возачка почнува со добар сигнал!

Категорија Б

Автомобил за полагање

Автомобили

Категорија Б овозможува управување со патнички возила до 3.500 kg и до 8 седишта, без возачот. Оваа категорија е најчеста и е наменета за секојдневно, безбедно и самостојно учество во сообраќајот.

  • Инструктор: Ристе Божиновски
  • Инструктор: Димче Јорданов
  • Инструктор: Крумислав Панов
  • Инструктор: Елена Гиновска
icon

Услови за започнување со обука

  • ✔Навршени 18 години возраст (или 17 години и шест месеци со согласност од двајцата родители заверена на нотар)
  • ✔Лична карта
  • ✔Лекарско уверение за Б категорија
  • ✔Завршено најмалку основно образование (свидетелство, уверение, диплома издадени од образовни установи верифицирани од МОН на Р. С. Македонија, фотокопија заверена на нотар)
  • ✔Согласност од двајцата родители, законскиот застапник или старателот, заверена на нотар
  • ✔Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач (20 н/ч теор. и 36 н/ч практ.)
  • ✔Потврда за извршено оспособување од областа на укажување прва помош на лица повредени во сообраќајна незгода (ако не поседува друга катег.)
  • ✔Доказ за уплатен износ на трошоци сврзани со полагање на возачкиот испит
  • ✔Пријава за полагање на возачки испит
Кандидати кои поседуваат „А1″, „А2″ или „А” категорија полагаат само 4 н/ч теоретска обука наместо 20 н/ч, и треба да достават фотокопија од возачка дозвола заверена на нотар.
icon

Обука

Теоретски дел

  • ✔20 наставни часа (5 дена) теоретска настава
  • ✔По завршување на теоретската настава се полага пробен тест

Практичен дел

  • ✔36 наставни часа практична настава
  • ✔Дневно се одржуваат по два наставни часа
icon

Испит

  • ✔Теоретски дел (тест) и практичен дел (полигон и градска)
  • ✔Тестот се состои од 31 прашање (фонд од 621)
  • ✔Полагањето на полигон вклучува четири вежби
  • ✔Градска вожња: 25 – 40 минути