Авто школа посветена на квалитетна обука, сигурност и доверба. Со искусни инструктори и современ пристап, ви помагаме да станете самоуверени и одговорни возачи

Твојата возачка почнува со добар сигнал!

Категорија А

Мотор за полагање

Мотоцикли

Во категоријата „А“ спаѓаат мотоцикли со или без бочна приколка, како и трицикли со моќност поголема од 15 kW. Оваа категорија овозможува управување со сите видови мотоцикли без ограничување на моќност.

  • Инструктор: Димче Јорданов
  • Инструктор: Крумислав Панов
  • Инструктор: Елена Гиновска
icon

Услови за започнување со обука

  • ✔Наполнети 24 години или 21 година со 2 години А2 категорија
  • ✔Лична карта
  • ✔Фотокопија од возачка дозвола заверена на нотар
  • ✔Уверение за здравствена и психофизичка способност
  • ✔Доказ за завршено најмалку основно образование
  • ✔Потврда за завршена обука (теоретска и практична)
  • ✔Потврда за прва помош (ако нема друга категорија)
  • ✔Доказ за уплатени трошоци за испит
  • ✔Пријава за полагање на возачки испит
icon

Обука

Теоретски дел

  • ✔16 наставни часа (без Б категорија)
  • ✔4 наставни часа (со Б категорија)
  • ✔Сообраќајни правила и прописи
  • ✔Безбедност во сообраќај

Практичен дел

  • ✔16 наставни часа практична обука
  • ✔2 часа дневно
  • ✔Полигонски вежби
  • ✔Возење во град
icon

Испит

  • ✔Теоретски тест (само без Б категорија)
  • ✔28 прашања (фонд од 553)
  • ✔Практичен дел: полигон + градска
  • ✔2 вежби на полигон
  • ✔Градска вожња: 25 – 40 минути
Кандидатите со „Б” категорија полагаат само практичен дел.