Авто школа посветена на квалитетна обука, сигурност и доверба. Со искусни инструктори и современ пристап, ви помагаме да станете самоуверени и одговорни возачи

Твојата возачка почнува со добар сигнал!

Категорија А2

Мотор за полагање

Мотоцикли

Категорија A2 овозможува управување со моторцикли со моќност до 35 kW. Оваа категорија е наменета за возачи кои сакаат поголема моќност и напредно искуство, но со контролирани ограничувања.

  • Инструктор: Димче Јорданов
  • Инструктор: Крумислав Панов
  • Инструктор: Елена Гиновска
icon

Услови за започнување со обука

  • ✔Наполнети 18 години возраст
  • ✔Лична карта
  • ✔Уверение за здравствената и психофизичката способност за управување со моторни возила
  • ✔Доказ за завршено најмалку основно образование
  • ✔Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач (16 н/ч теор. и 16 н/ч практ.)
  • ✔Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач од областа на укажување прва помош на лица повредени во сообраќајна незгода (ако не поседува друга катег.)
  • ✔Доказ за уплатен износ на трошоци сврзани со полагање на возачкиот испит
  • ✔Пријава за полагање на возачки испит
icon

Обука

Теоретски дел

  • ✔16 наставни часа теоретска настава
  • ✔4 наставни часа доколку кандидатот поседува „Б” категорија
  • ✔Сообраќајни правила и прописи
  • ✔Безбедност во сообраќај

Практичен дел

  • ✔16 наставни часа практична настава
  • ✔Дневно се одржуваат по два наставни часа
  • ✔Полигонски вежби
  • ✔Возење во град
icon

Испит

  • ✔Теоретски тест (само без Б категорија)
  • ✔28 прашања (фонд од 553)
  • ✔Практичен дел: полигон + градска
  • ✔2 вежби на полигон
  • ✔Градска вожња: 25 – 40 минути
Кандидатите со „Б” категорија полагаат само практичен дел.